Ви предлагаме превкусен десерт, кој несомнено сите го знаеме, и на кој никој не може да остане рамнодушен. Еве како да ги направите ледените коцки:Потребни состојки:
Бисквит:
-6 јајца
-6 лажици шеќер
-6 лажици брашно
-3 лажици какао
Сируп:
-300гр. шеќер
-200 мл. вода
-1 ќесичка ванила
Фил:
-1 литар млеко
-3 лажици густин
-3 лажици брашно
-10 лажици шеќер
-250 гр. маргарин
-2 ванили
-100 гр. чоколадо за готвење
Глазура:
-100 гр. чоколадо
– лажици масло
-коцка маргарин
Начин на подготовка:
Начин на подготовка: Скршете ги јајцата, одвојте ги жолчките од белките, а потоа белките изматете ги со шеќерот додека да добиете цврста пена. Додајте ги белките, брашното и какаото, изедначете ја смесата и сипете ја во намачкан плех, што сте го поросиле со брашно. Печете ја кората 15-20 минути на 180 степени. Сипете 300 гр. шеќер во посуда додавајќи 200мл. вода и ванилата и сварете го сирупот, па потоа готовата кора прелијте ја со сирупот. Од литарот млеко одвојте 200 мл., и во тоа додадете ги измешаните брашно и густин додека да се изедначи смесата, и ставете ја во провриеното млеко во кое претходно сте додале шеќер и ванила. Сварете го кремот и оставете го да се олади. Изматете го маргаринот и додајте го оладениот крем, а потоа поделете го на половина и во едната половина дојдајте ја чоколадата. Добро изедначете и филувајте: белиот крем, чоколадниот крем и најгоре глазурата. Добро оладете. На здравје!Потребни состојки:
Бисквит:
-6 јајца
-6 лажици шеќер
-6 лажици брашно
-3 лажици какао