За демонските суштества што ги напаѓале родилките, леунките, нивните деца но и другите луѓе, во традиционалната терминологија во Македонија најповеќе се користи терминот „нави“.Во Скопска Црна Гора познати се како нави и навоји, во Охрид како хунапи, а во Велешко како навои.
Според македонските народни верувања навите биле деца кои што умреле некрстени. Тие имале крилја и летале по села и градови за да откријат каде имало трудна жена која очекувала да се породи.
Тие ја „фаќале“ жената , ја мачеле и по можност ја усмртувале. Најмногу оделе по оџаците, кај бремените жени а потоа влегувале во куќата.Истото се случувало и таму каде што имало леунка. Во такви случаи бабата која седела покрај леунката ќе земела пушка и пукала во оџакот за да ги убие навите и да ги избрка. Покрај оџаците навите плачеле како мали деца.
Според некои верувања, навите биле како пилци, кои летале многу високо по лошите ветрови и пееле „латински“ песни. Освен трудните жени, никој друг не можел да ги слушне нивните песни. Тоа можело да се случувало на полноќ.
Според некое верување од селото Мартолци, навите биле ветрошани. Според друго, пак, навите биле три жени што ги напаѓале леунките. Заради тоа, леунките се лекувале преминувајќи низ венец направен од ралични треви. Во Малешево ако умрело некрстено дете се верувало дека тоа станало навјак и навјаче. Тие се движеле ноќно време во групи и пискале и плачеле, а бидејќи немале млеко, секое одело кај својата мајка да „сучи“ но најчесто оделе во трлата кај овците. Навјаците можеле да се протераат ако на нив се фрлело со гламна.
Во нашите верувања постојат и други претстави за потеклото на навите и нивниот изглед. Во Кочанско се верувало дека навјаците биле како лилјаци, дека настанувале од лилјаци и дека се ѓаволски браќа. Во Скопска Црна Гора познати се како нави и навоји, во Охрид како хунапи, а во Велешко како навои.
Според македонските народни верувања нав