За сирените се вели дека никогаш не постоеле, но сепак често се споменуваат во народните приказни скоро на сите народи.Ги замислувале како прекрасни морски суштества, полуриби- полудевојки.
Во грчката митологија сирените ги мамеле морепловците во смрт. Во германските народни приказни сирените живеат во дворец на дното на реката Рајна. Дури и американските Индијанци имале легенди за сирени.
Сирените се замислувани како суштества кои до појасот имаат тело како жена, а од појасот тело на риба. Покрај нив, постоеле и легенди за морски луѓе. Според старите приказни , тие обично се заљубуваат во смртна жена, па ја грабнуваат или подмамуваат во морските длабочини.
Тешко е да се каже дека никнала легендата за сирените и морските луѓе. Можеби таа се родила во времето кога првите истражувачи и трговци тргнале на пат преку океанот. Птимитивните луѓе , кои никогаш порано не виделе бродови, можеле да поверуваат дека тие морепловци доаѓаат од длабочините и затоа се полуриби.
Возможно е, исто така, тие легенди да настанале и поинаку. Некои морски животни, ако ненадејно и за миг се појават и човек ги ѕирнува само колку за трепнеж на окото, потсетуваат на човечки суштества.
Во сите земји постојат повеќе приказни за сирените. Се верувало дека тие можат да ги претскажат настаните што допрва ќе се случат и да му дадат натприродна моќ на човечкото суштество. Постои приказна за сирена која се заљубила во човек извесно време живеела со него, а потоа повторно се вратила во својата куќа во морето. Во друга легенда имало сирена која се заљубила во некој човек и го подмамила во морското дно.
Дали навистина постоеле, не можеме да докажеме. Ни преостанува само да веруваме на старите легенди раскажани за овие митски суштества.Ги замислувале како прекрасни морски суштества, полуриби- полудевојки.
Во грчката митологија сирените ги мамеле морепловците во смрт. Во ге