Лек стар 100 години лечи аутизам?

Препарат, развиен пред 100 години, може целосно да го измени пристапот кон третманот на оваа болест. Ситуации во кои лекот не се користи според намената дадена од неговите творци, се случуваат доста често, но употребата на толку стари препарати во нови области е ретка појава.Така беше на пример со метформинот (развиен во 1922 година), кој долго време се прифаќал за лекување на дијабетес, но неодамнешните истражувања ја покажале неговата ефикасност во борбата со ракот на панкреасот и намалувањето на тежината кај пациенти кои примале атипични антипсихотични лекови.
Средството за спиење талидомид, создадено во 1954 година (изведено од употреба поради ниска ефикасност и несакани ефекти), сега се применува за лекување на лепра и рак на коскената срж.
Сураминот развиен во почетокот на дваесеттиот век за лекување на африканска трипанозомоза (ноќна болест), во современиот свет се користи ретко поради ниското ширење на самата болест, но новите истражувања покажале дека лекот може да изврши револуција во лекувањето на аутизмот.

 
Сураминот ги обновува оштетените врски во мозокот и го подобрува меѓуклеточните сигнали, што овозможува ефикасно да се бори со симптомите на аутизмот. Истражувања спроведени на глувци покажаа дека сураминот коригира 17 типа нарушувања, карактеристични за аутизмот.
Откритието на американските научници е и аргумент во корист на теоријата дека аутизмот е предизвикан од различни фактори, а не е само прашање на генетика. Како што вели проф Навиукс, само 20% од факторите поврзани со аутизмот, се однесуваат на гените, а останатите очигледно се поврзани со влијанието на надворешната средина.
Комбинацијата на генетски и надворешни фактори влијае на клеточниот метаболизам. Сураминот ги блокира патиштата на екстрацелуларниот сигнални, користени од аденозин трифосфат и други сигнални нуклеотиди во моделите на нарушувања од аутистичниот спектар, создадени кај глувци. Ова доведува до запирање на возвратната алармантна реакција на клетките кои предизвикуваат воспаление.

 
Впрочем, клиничките испитувања врз луѓе се се уште далеку. Сураминот е доста токсичен лек и продолженото користење доведува до непожелни последици, но самото откритие ќе им овозможи на фармацевтите да создадат нова класа лекови за успешно лекување на аутизмот.
“Сосема е очигледно дека од корекцијата на аномалиите кај глувци до создавање на лек за човекот има долг пат, но ние мислиме дека сме развиле ветувачка насока за развој на нови методи за лекување на аутизмот – вели авторот на студијата, проф Роберт Навиукс. – Нашето откритие зборува за тоа дека единствен лек може фундаментално да ги прекине во организмот процесите на метаболизмот. Теоретски ова значи дека е потребно да се измислуваат повеќе нови и безбедни препарати од сурамин кои може да се прифатат подолго време. “Така беше на пример со метформинот (развиен во 1922 година), кој долго време се прифаќал за лекување на дијабетес, но неодамнешните истражувања ја

Пронајдете не на следниве мрежи: