„Лекари без граници“: Светот ја губи битката со еболата

– Светот ја губи битката во која сака да ја ограничи епидемијата на еболата, изјави меѓународната медицинска организација „Лекари без граници“ и повика да ѝ се помогне на Западна Африка.„Шест месеци од почетокот на најтешката епидемија на ебола во историјата, светот ја губи битката да ја ограничи. Властите не се во состојба да се изборат со оваа транснационална закана“, рече на прес-конференција во Њујорк Џоан Лиу, меѓународен претседател на „Лекари без граници“.
„Светската здравствена организација на 8 август објави дека епидемијата претставува вонредна состојба од меѓународно значење. Тоа нѐ доведе до одлучна акција, а земјите се здружија во меѓународната коалиција за активност“, рече таа.
Лиу ја повика меѓународната заедница да додели уште средства за кревети во регионалната мрежа од теренски болници, да испрати обучени професионалци и да распореди мобилни лаборатории во Гвинеја, Сиера Леоне и Либерија.„Шест месеци од почетокот на најтешката епидемија на ебола во историјата, светот ја губи битката да ја ограничи. Властите не се во состојба д

Пронајдете не на следниве мрежи: