Лекарите биле ЗАТЕЧЕНИ: Тинејџерка починала бидејќи два месеци не…

Емили Титерингтон (16), имала фобија да оди во тоалет, поради што понекогаш се воздржувала и по два месеци.Обдукцијата покажала дека Емили починала од срцев удар. Во нејзиниот граден кош настанала голема шуплина, дебелото црево било потполно деформирано, а останатите органи биле изместени.
Истрагата во Туро, во британската област Корнвол, покажала дека вообичаните медицински третмани би ја спасиле Емили од смрт, доколку таа упорно не ги одбивала прегледите.
„Ова е најлошиот случај на кој некогаш сум налетала. Бев шокирана“, изјави патологот Аманда Џефри.
Благо аутистичната Емили цел живот страдала од стомачни проблеми, но лекарите никогаш не успеале да ја пронајдат причината.
Во кобната вечер, Емили се жалела на болка помеѓу лопатките во грбот, но лекарите не забележале никаква абдоминална надуеност. Таа станала видлива откако лекарскиот тим дошол по втор пат, во 4 часот наутро, малку пред да почине девојката.
Лекарот за општа пракса, Алистер Џејмс, наведува дека нејзината 59-годишна мајка Џералдин, до самиот крај се обидувала да ја наговори да ја прифати лекарската помош. За жал, нејзините настојувања биле залудни.
Овој случај ги изненади светските медиуми, а Кинезите направија анимирана верзија на случувањата. Погледнете како изгледа:Обдукцијата покажала дека Емили починала од срцев удар. Во нејзиниот граден кош настанала голема шуплина, дебелото црево било потполно деформирано,

Пронајдете не на следниве мрежи: