Лекарите почнаа да му ги масираат мускулите на Шумахер

По еден месец седумкратниот шампион во Формула 1, Михаил Шумахер и понатаму е во кома, по страотната несреќа која ја доживеа за време на скијањето на француските Алпи.Лекарите веќе неколку недели немаат дадено никаква изјава за состојбата на Шумахер, кој два пати беше подложен на операции за да се спречи крварењето на мозокот, поради што му е отстранет половина череп.
Медиумите пренесуваат дека лекарите кои се 24 часа покрај легендата му ги масираат мускулите за тие да не атрофираат, односно да не се намалат, со оглед на тоа дека тој цел месец е во вештачка кома. 
За жал, постои црна прогноза дека Шумахер би можел да остане вовегетативна состојба до крајот на животот, но од друга страна неговото семејство верува дека тој ќе издржи и ќе ја добие  и оваа битка, бидејќи како што велат е вистински борец.Лекарите веќе неколку недели немаат дадено никаква изјава за состојбата на Шумахер, кој два пати беше подложен на операции за да се спречи крварење

Пронајдете не на следниве мрежи: