Лекарите во дилема: Кога да го разбудат Шумахер од кома?!

Додека лекарите кои се грижат за шампионот на Формула1 ќутат, постојат и такво кои сметаат дека поради идното витално функционирање, Германецот ќе мора да биде разбуден од кома.После 13 дена во ситуација на предизвикана кома, експертите сметаат дека би било пожелно лекарите да го разбудат седумкратниот шампион на Формула1, бидејќи во спротивно со претераното делување на јаките лекови може да се оштетат некои органи.
„Ако се разбуди од кома во поскоро време, поголеми се шансите основните телесни функции како што е на пример дишењето да се врати во нормала,“ вели професорот Хајнц Питер Меке, директор на институтот за ургентна медицина во Хамбург.

 
Од друга страна лекарите кои се грижат за ситуацијата на Шумахер, после несреќата треба да утврдат кога е најповолен момент за будење, но никој од нив се уште не излегол во јавноста да проговори во врска со ова прашање.
Инаку за потсетување има уште еден човек кој паднал истиот ден и на истото место каде што падна и Шумахер, при што го скршил черепот на половина и преживеал.
Погледнете го видеото од падот на Шумахер на следниот ЛИНКПосле 13 дена во ситуација на предизвикана кома, експертите сметаат дека би било пожелно лекарите да го разбудат седумкратниот шампион на Формула1,

Пронајдете не на следниве мрежи: