Лекарската комора остро реагира на неоснованите обвинувања против ГАК и докторите

Лекарската комора на Македонија најостро реагира на партиските прес конференции, изјави и наводни аргументи со кои се урива довербата на граѓаните во докторите и институциите на здравствениот систем, најчесто на штета на граѓаните и апелира до политичките партии во своите активности да користат факти и информации до кои е дојдено со проверени стручни методи и постапки кои реално ќе ја прикажат состојбата.Реакцијата на Лекарската комора ја пренесуваме во целост
Како професионална, невладина и непартиска асоцијација, Лекарската комора ниту има намера, ниту сака да се меша во стратегиите и активностите на политичките субјекти, но цени дека за темите од здравството и медицината секогаш во прв план треба да се компетентноста и одговорноста за она што се презентира, посочува или предлага.
Оваа реакција е иницирана од последните изјави на некои од политичките субјекти кои презентираа информации за смртноста на новороденчињата со кои директно се подрива довербата на граѓаните, особено на една исклучиво вулнерабилна група кон Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во која годишно има околу 6000 породувања и која како врвна институција од оваа област во земјава ги прифаќа најспецифичните и најкомплицираните случаи на бременост и породување од целата република.
Не треба да се изуми дека во рамките на оваа институција функционира и единствениот Оддел за неонатална интензивна нега и терапија, кој со својот технички и стручен потенцијал ги згрижува и им помага на новороденчињата на кои тоа им е неопходно за да зачекорат во животот.
Лекарската комора на Македонија ги подржува сите идеи и предлози кои се во функција на подобрување на квалитетот на здравствените услуги и здравствената заштита во целост.
Комората со сиот респект ги прифаќа сите укажувања и на проблемите во националниот здравствен  систем, меѓутоа како стручна асоцијација смета дека тоа треба да се прави стручно, компетентно и одговорно без импровизации и политиканства.
Само на тој начин може да се надградува довербата меѓу пациентите и здравствените работници и да се креираат промени кон подобар здравствен систем во кој и пациентите и давателите на здравствените услуги ќе бидат позадоволни.
Да не заборавиме дека довербата во институциите е градена со децении од исклучителни стручњаци и дека се што е постигнато во изминатите години може да се сруши со непромислени и неиздржани изјави.Реакцијата на Лекарската комора ја пренесуваме во целост
Како професионална, невладина и непартиска асоцијација,

Пронајдете не на следниве мрежи: