Иако не сакам да ги објаснувам работите кои се јасно кажани, сепак морам да дадам коментар по однос на реакциите кои излегоа во јавноста од страна на некои медиуми, во врска со објавениот плакат на мото клубот „Ноќни Волци“, поточно за еден од знаците за забрана на одредени дејства, забранети на местото каде што го правиме нашиот годишен мото собир.Напоменувам и потсетувам дека мото клубот „Ноќни Волци“ е автор на плакатот и единствено ние имаме право да дадеме толкување на симболите со кои се обраќаме на јавноста. Во тој контекст приложената фотографија на овој пост дава примери на знаци кои забрануваат ДЕЈСТВО, а не примери за омраза или забрана за постоење на луѓе, мажи, деца, моторџии…(пречкртани на знакот).
Кој е тогаш во случајов „ФОБ“ и кој всушност шири омраза??? Нашиот клуб го задржува своето воспоставено право и кодекс, кој, како и под кои услови може да биде член на нашиот клуб, што пак не значи дека тие што не можат да бидат ги мрaзиме. Едноставен пример е фактот што во нашиот клуб не може да членуваат жени, мажи под 18 години и луѓе кои немаат мотор!
Токму таквите ние многу ги сакаме, тоа се наши сопруги, девојки, синови, ќерки, браќа, сестри, пријатели и се многу важен дел од нашите животи. Злобниот дух препознава само злоба, затоа имаме различни перцепции, толкувања на зборови, симболи, па и гестови. Забавата во сабота, на 13 јуни е симбол на единство во различноста и надминување на предрасудите и табуата.
Знакчињата се симболи за „куќниот ред“ и достоинствена „НАД СКОПЈЕ“ забава без пороци како алкохолизирање, дрогирање, без агресиии со или без оружје, без јавно сексање, за што ве потсетувам дека е законски казниво и забрането.
Затоа добро погледнете го плакатот со знаци кои укажуваат кои дејства се забранети на тој настан на кој се поканети и добродојдени сите добронамерни луѓе различни по било каков основ!
Напоменувам и потсетувам дека мото клубот „Ноќни Волци“ е автор на плакатот и единствено ние имаме право да дадеме толкување на симболи