Подгответе поинаква солена лења пита.300мл јогурт
200гр брашно
2 јајца
200гр виршли
200гр сирење
1кесичка прашок за пециво
половина чаша масло
1 црвена пиперка
сол по вкус
една краставичка
Изматете ги јајцата, додадете го брашното, јогуртот, солта, прашокот за пециво. Сето тоа добро измешајте го и направете хомогена смеса. Виршлите исечете ги на крукчиња и измешајте ги со претходно иситнетото сирење. Пиперката и краставичката посебно исечкајте ги. Масата од брашното јогуртот и јајцата поделете ја на три дела. Во првиот дел додадете ја краставичката и сипете ја во тавче обложено со хартија за печење. Средниот дел е со сирењето и виршлите. Третиот дел е масата со пиперката. Питата печете ја во загреана рерна на 200 степени, околу 20 минути. Наздравје. 300мл јогурт
200гр брашно
2 јајца
200гр виршли
200гр сирење
1кесичка прашок за пециво
половина чаша