Лепа Брена НИЗ СОЛЗИ открива: „Мојот сопруг Боба…“

Постојат многу работи во кои тој и јас навистина не се согласуваме и за кои се расправаме, но да имате партнер кој живее за вас и кој дише за вас, да имате таков вид на поврзаност – тоа нема цена, вели пејачката.Пејачката Лепа Брена вели дека нејзиниот супруг и бил најголема поддршка кога ги скрши двете раце, и дека тогаш помеѓу нив се родиле две нови емоции.
„Боба спиеше покрај мене на столица. Ми доаѓа да се расплачам“, го започнува разговорот пејачката со полни очи солзи. По еден момент пауза, продолжи да раскажува, но со треперлив глас:
Знаете, или имате некој кој е ваш животен пријател или просто го немате. Нема баш секој да лежи покрај вас и да спие на столица, да ве храни со лажичка, да ви чисти по дома… Многу ми е тешко кога зборувам за ова…Постојат многу работи во кои тој и јас навистина не се согласуваме и за кои се расправаме, но да имате партнер кој живее за вас и кој дише за вас, да имате таков вид на поврзаност – тоа нема цена, вели пејачката и ја продолжува приказната за својот сопруг.

 

„Боба е силен и секогаш се чува во себе. Никогаш не рекол: ‘Знаеш што, јас неможам повеќе!Пукнав!’. секогаш беше тука. Се додека не ме види како стојам на нозе и дека сум добро, тој никаде не оди. Дури тогаш јас почнувам да се расправам, а тој вели: ‘Знаеш што гледам дека си оздравела. Одам сега да си се посветам на себе малку’“, низ смеа вели пејачката.
„Или сте борец или не сте. Јас паѓам, станувам, ги бришам колената, ставам завој и продолжувам понатаму. Имам поддршка, работа, публика,… Имам толку многу причини да бидам среќна“, вели Брена на која рацете се уште не и се опоравени во целост.
„Еден дел од рацете ми е целосно неподвижен. Можам само да земам чаша и да се напијам кафе…Имам долги нокти на десната рака , што покажува дека не работам ништо со неа. На чевата немам, бидејќи само таа е активна“, ја завршува приказната пејачката која реши малку да го забави животното темпо. Пејачката Лепа Брена вели дека нејзиниот супруг и бил најголема поддршка кога ги скрши двете раце, и дека тогаш помеѓу нив се родиле две нови емоци

Пронајдете не на следниве мрежи: