Еден од најпопуларните десерти кој можете да го најдете од северот до југот на Европа е штрудлата од јаболко.Во продолжение, погледнете го рецептот за вкусната виенска штрудла која можете да ја послужите со шлаг или сладолед од ванила.
Потребни состојки:
• едно пакување готово тесто
• 1 кг. кисели јаболка
• 100 гр. шеќер
• 50 гр. растопен маргарин
• цимет
• малку рум
• суво грозје
Припрема:
1. Тестото премачкајте ја со растопениот маргарин и на него наредете ги јаболката кои претходно сте ги излупиле и исецкале на коцки со големина од еден центиметар.
2. Врз нив наросете шеќер, цимет и суво грозје кое претходно сте го натопиле во рум. Замотајте го тестото во ролат, нежно направете дупчиња со помош на вилушка и ставете го во намастена тава.
3. Печете во загреана рерна на 180 степени Целзиусови околу половина час до 40 минути, додека тестото не добие златна кора. Оставете малку да се излади, исечете неколку парчиња, наросете со шеќер во прав и послужете со шлаг или сладолед од ванила.
Совет плус: доколку не сакате цимет или суво грозје, можете да додадете сецкани ореви, бадеми или други јаткасти плодови по ваш избор.Во продолжение, погледнете го рецептот за вкусната виенска штрудла која можете да ја послужите со шлаг или сладолед од ванила.
Пот