Лесен ручек од тиквички!

Со овој ручек можете да послужите кисело млеко, јогурт или кефир, малку салата и ќе добиете комплетен оброк. Состојки:
4 тиквички
3 јајца
150гр фета сирење
100мл млеко
малку павлака
1 лажица брашно
сол и бибер
Подготовка:
Измијте ги тиквичките и по должина исечете ги на тенки ленти.
На работна површина ставете една лента, од половина ставете друга, така трета и четврта лента. На почетокот ставете парче сирење и мотајте по должина водејќи сметка кругчето да не биде премногу затегнато. Наредете ги круговите во огноотпорен сад премачкан со путер, и ставете ги да се печат околу 15 до 20 минути.
Јајцата, млекото, павлаката, брашното, солта и мелениот бибер измешајте ги во посебен сад. Можете да додадете рендано сирење, или кашкавал. Измешајте се и прелијте ги тиквичките, вратете во рерна и печете додека не поруменат!
Со овој ручек можете да послужите кисело млеко, јогурт или кефир, малку салата и ќе добиете комплетен оброк. Наздравје!Состојки:
4 тиквички
3 јајца
150гр фета сирење
100мл млеко
малку павлака
1 лажица

Пронајдете не на следниве мрежи: