Лесна, освежителна и нискокалорична француска салата

Одличен и многу вкусен рецепт за оригинална и лесна салата со освежувачки, необичен вкус. Посдготовката нема да ви одземе многу време. Нејзините состојки се нискокалорични, и оваа салата можеме да ја сврстиме во диетален оброк, доколку употребиме посен мајонез.Состојки:
4 јаболки (кисели)
4 моркови
8 варени јајца
тврдо сирење
мајонез и сол по вкус
За француската салата да биде добра, запомнете, Французите не сакаат да додадат премногу мајонез.
Подготовка:
Изрендајте ги сите состојки и потоа наредете ги во слоеви во чинија
слој јаболки, слој јајца, слој моркови и слој сирење. Секој слој премачкајте го со мајонез, а врз завршниот слој додадете го ренданото сирење.
Оставете ја салатата да отстои два до три часа, да се соединат состојките и можете да сервирате.
Пријатно!Состојки:
4 јаболки (кисели)
4 моркови
8 варени јајца
тврдо сирење
мајонез и сол по вкус

Пронајдете не на следниве мрежи: