Сигурно многупати сте се прашувале како да направите Милка, таа прекрасна чоколада која многумина од нас ја обожаваат.Епа, драги дами, ние ви носиме одличен рецепт за Милка торта без печење, која можете да ја направите за половина час.Во продолжение погледнете кои се потребните состојки и како тортата се подготвува.
Потребни состојки:
1 литар млеко
10 лажици шеќер
3 пудинзи од ванила
300 грама млечна Милка чоколада
100 грама бела Милка чоколада
500 милилитри слатка павлака
Плазма кекс во количина доволна за обложување на дното од садот
Подготовка:
Најпрво од вкупната количина на млекото одземете малку, се со цел истото да го употребите за матењето на пудингот и шеќерот, а останатото млеко ставете го да се вари, па потоа во истото ставете го разматениот пудинг и шеќер.
Откако пудингот ќе биде готов, поделете ја смесата на два дела, па во едниот ставете го темното млечно чоколадо, а во другиот белото Милка чоколадо, и мешајте се додека чоколадото не се стопи. Потоа, така подготвениот крем оставете го да се излади.
Во друг сад изматете ја слатката павлака, па по ¼ од истата ставете во белиот и темниот крем.
На крајот, земете сад и истиот обложете го со кеса во која што ќе го истурите најпрво белиот крем, врз кој потоа ќе го ставите остатокот од слатката павлака, односно половината од вкупната количина и на крајот ставете го темниот крем. Внимавајте, сето тоа треба да го правите бавно и внимателно. На самиот врв ставете еден ред плазма бисквити натопени во млеко. На крајот, затворете ги рабовите од ќесата и вака подготвениот десерт оставете го во фрижидер неколку часа. По неколку часа, извадете ја тортата, отворете ја ќесата и целата торта превртете ја на чинија за послужување. Вашата Милка торта ќе биде со идеален облик, а целиот десерт можете да го декорирате по ваша желба. Во продолжение погледнете кои се потребните состојки и како тортата се подготвува.
Потребни состојки:
1 литар млек