Летни СОВЕТИ за сите ДЕВОЈКИ!

Летните температури носат многу проблеми со потењето и иритацијата на кожата. Порталот „Бјути“, носи неколку совети за вашата коса, шминка и кожа кои на +40 степени ќе ви бидат многу корисни.1. Деловите на кои сте претерале или сте згрешиле со средството за самопотемнување, истријте ги со мешавина од обична вода и сода бикарбона.
2. Карминот и лакот за нокти чувајте ги во фрижидерот.
3. Во лето косата побрзо се масти. Наместо пречесто миење, пред спиење попрскајте малку сув шампон или бебешка пудра во коренот и наутро добро расчешлајте. Косата ќе изгледа свежо, а ќе мириса одлично.
4. Пред фенирање ставете малку дезедоранс на задниот дел од вратот за да се спречи потењето.
5. Црвенилото предизвикано од депилација на бикини-зоната ублажете го со ладни вреќички чај од камилица.
6. Дамките од пот на облеката испрскајте ги со сок од лимон, а потоа исперете ги нормално.1. Деловите на кои сте претерале или сте згрешиле со средството за самопотемнување, истријте ги со мешавина од обична вода и сода бикарбона.

Пронајдете не на следниве мрежи: