Тука не станува збор за лоша хигиена на стапалата, туку комбинација на пот и чевли што создаваат совршена средина за бактериски раст.Кога по летните жештини цел ден носите патики или балетанки, тие неизбежно ќе создадат непријатен мирис. За да се намалување или решавање на овој проблем не треба да се фрлат чевлите, а со премногу често перење можете да ги уништите, решение за овој проблем побарајте во вашиот дом.
Сода бикарбона
Во внатрешноста на чевлите ставете една лажица сода бикарбона и оставете ја да отстои преку ноќ. Во утринските часови, само истресете ги или пак со четка, исчеткајте го правот од чевлите и ќе бидете изненадени – нема да има ни трага од непријатните миризби.
Етерични масла
Ако сакате дополнително да ги освежите вашите чевли, во некое празно шише од спреј помешајте малку алкохол, вода и неколку капки етерично масло од лимон или портокал. Нежно протресете и испрскајте ја внатрешноста на чевлите и оставете да се исуши.
“Полнети” чорапи
Во памучни чорапи ставете прашок за пециво, малку сода бикарбона и пченкарно брашно и чорапите ставете ги во чевлите. Оставете ги да стојат во текот на ноќта. Следниот ден, отстранете ги и ќе видите дека тие успеале да ги повлечат сите непријатни миризби.
Миризливи марамчиња
Во чевлите или патиките ставете едно миризливо марамче кои вообичаено се користат за перење алишта. Марамчињата поставете ги по целата должина на влошката, и ставете ги таму додека чевлите не ви затребаат. Тие ќе ја апсорбира вишокот на влага и и ќе остават свеж мирис.Кога по летните жештини цел ден носите патики или балетанки, тие неизбежно ќе создадат непријатен мирис. За да се намалување или



