Левицата полуде од желбата за моќ

На конгресот на СДСМ минатата недела, Зоран Заев зборуваше за битката за Македонија. Тука дозволете ми да кажам дека во однос на тоа, целосно се согласувам со него. Се води битка за срцето и душата на Македонија. И таа битка се интензивира неодамна. Минатата недела и самиот водев битка кога се најдов нападнат (заедно со други пријатели) на социјалните мрежи од еден македонски пријател кој го изгубил патот и е сега полн омраза и бес, лутејќи се и барајќи одмазда. Но како што еднаш рече американскиот комичар Бади Хакет: „Додека ти се лутиш, другиот танцува!“ А јас танцувам цела недела.Од друга страна, иако имам оправдан бес за тоа што левицата се обидува да го направи во светот, особено во Македонија и во Америка, ќе продолжам да бидам „среќен воин“. Kако што напишав во својата колумна пред неколку месеци, „јас сум спремен за војна. Левицата во светот, особено во САД и во Македонија, многу ме разлути. Предупредени сте. Но запаметете го и ова – јас секогаш ќе бидам среќен воин. Еден мој пријател од американскиот северозапад, исто така среќен воин, ме охрабри мудро пишувајќи: „Kако воин, подготви се себеси за битка и не земај заложници. Левицата полуде од желбата за моќ. Го гледам тоа и на локално, и на национално и на меѓународно ниво. Ова е контранапад по падот на Советскиот Сојуз. Тие се ревитализираат. Ги поддржувам либертаријанците за некои прашања, но во глобала мислам дека комунистичката левица е чисто зло. А тие сега го гледаат својот момент повторно да поробат голем дел од светот. Мора да ги притиснеме да ја признаат реалноста во овој свет. И на следниот.“
Битката продолжи во текот на викендот со посетата на британскиот европарламентарец и специјален претставник на ЕУ за Македонија, Ричард Ховит. Тој говореше на конгресот на СДСМ и во суштина ја поддржа СДСМ за изборите на 11 декември велејќи: „Горд сум што учествувам на конгресот и што ја пренесов пораката дека гласот за СДСМ е глас за подобар животен стандард за сите Македонци.“ Важна работа што треба да се забележи: иако тој се повлекува на крајот на месецов, тој е актуелен специјален претставник на ЕУ за Македонија и како таков би требало да биде политички неутрален. Но тој ја фрли својата наводна неутралност низ прозорец и ги поддржа своите социјалисти. Сигурен сум дека и тој самиот е пропаднат човек (затоа и е во Брисел како европратеник) – поврзувајќи се себеси со партија што е непријателски настроена кон слободната пазарна економија, поддржува високи даноци, поддржува прераспределба на богатството, ја поддржува индустријата за абортуси и го поддржува уништувањето на традиционалното семејство, меѓу другите политики.
А еве што сакаат за Македонија Ричард Ховит и неговите социјалисти: планирана, социјалистичка економија. Повисоки даноци за сите. Прераспределба на богатството. Абортус на барање, во секое време, секаде, без никакви ограничувања и платен со парите на даночните обврзници. Редефинирање на семејството за тоа да ги вклучи сите и секакви алтернативи. Агенда што ги промовира трансродовите или идејата дека „мажи може да раѓаат бебиња“ (со други зборови, жените што мислат дека се мажи). Промовирање нова култура во општеството (и особено во училиштата) што промовира политичка коректност. Темелна преработка на традиционалната култура во Македонија. Повторно поврзување со прогресивните, социјалистички и левичарски партии во светот. И одбивање на објективниот морал каде што вистината е релативна и с` се заснова на чувства наместо на факти. Сето ова и повеќе е тоа што Ричард Ховит и левицата го сакаат за Македонија. Ах, да, и промена на името и идентитетот – мора да ги смените своето име и идентитет за да ги задоволи.
Но, како што открив во овие повеќе од 20 години со Македонија, тоа не е тоа што мнозинството Македонци го сакаат. Македонските граѓани, без оглед на етничката група на која ~ припаѓаат, се традиционални и традиционално конзервативни. Дали е актуелната влада совршена? Се разбира дека не. Јас сум конзервативец што поддржува ограничена влада и големината на владата ме загрижува – секоја влада, без оглед дали е тоа во Македонија или во САД. Но конзервативната филозофија и политики се најдобриот начин за едно општество да се придвижи напред. Политиките на слободниот пазар ги вработуваат луѓето. Пониските даноци им овозможуваат на луѓето да задржат поголем дел од својот заработен приход. Традиционалните политики што ги поддржуваат животите на неродените и традиционалниот брак ги чуваат семејствата недопрени – а семејството е основниот блок за градење на општеството – кое било општество и во кој било период. Дури и паганските Римјани го признавале тој факт. Уништете го традиционалното семејство и ќе ги уништите општеството и државата. Тоа ви го гарантирам.
Kонзервативната филозофија и политики сфаќаат и признаваат дека објективниот морал е неопходен и реален, и сфаќаат и признаваат дека ако е нешто вистина сега, тогаш било вистина и пред 1.000 години и ќе биде вистина и по 1.000 години. Затоа е особено важно – од суштинско значење, да бидам попрецизен- младите да сфатат зошто конзервативната филозофија и политики го даваат најдобриот можен исход за нив и за државата што ја сакаат. За ова ќе пишувам повеќе во иднина, но во меѓувреме запаметете дека овие битки само ќе се зајакнат во следните месеци и години. Ако ги сакате слободата и традицијата, тогаш „Kако воин, подготви се себеси за битка и не земај заложници. Левицата полуде од желбата за моќ.“
Џејсон Мико
АВТОРОТ Е МЕНАЏЕР ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА ОД АРИЗОНА (САД), И ДОЛГОГОДИШЕН НАБЉУДУВАЧ НА СОСТОЈБИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА И ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПАОд друга страна, иако имам оправдан бес за тоа што левицата се обидува да го направи во светот, особено во Македонија и во Америка, ќе продолжам да

Пронајдете не на следниве мрежи: