За прв пат во историјата на Аргентина е дозволено крштевање на дете од истополово партнерство.Малата Ума е ќерка на Карине Виљароел и Соледад Ортиз. По овој чин, двојката размислува и за венчавка во црква.
Поинтересен е фактот што кумата на девојчето е претседателката на Аргентина, Кристина Фернандез де Кичнер. Кумата не можела да присуствува на крштевањето, но испратила свој претставник.
Крштевањето го одобрил надбискупот Карлос Хозе Нанес, кој смета дека статусот на двојката нема некаква врска со крштевањето на девојчето.
Аргентина беше првата латино-американска земја која ги легализираше истополовите бракови и посвојувањето деца од страна на истополови двојки, одлука која стапи на сила од 2010 година.Малата Ума е ќерка на Карине Виљароел и Соледад Ортиз. По овој чин, двојката размислува и за венчавка во црква.
Поинтересен е фактот што ку