LG Electronics продаде над 10 милиони LTE смарт телефони

Компанијата LG Electronics (LG) во четвртокот објави дека успеала да продаде повеќе од 10 милиони LTE смарт телефони низ светот, пред се благодарение на интензивниот настап на пазарите кои се покриени со 4G мрежа, но и на најшироката понуда на висококвалитетни модели кои ја поддржуваат оваа технологија.

„Нашиот проактивен пристап кога станува збор за 4G LTE технологијата, ни овозможува да ги задоволиме сите потреби на корисниците, но воедно и да претставуваме еден од клучните фактори за експанзија на оваа напредна технологија и смарт телефоните, кои се базирани на неа“, изјави Jon-seok Park, претседател и извршен директор на компанијата LG Mobile Coummunications.Успехот на компанијата LG во рамките на овој сегмент е резултат на раниот влез на LTE пазарот, како и на силните иницијативи на компанијата во истражувањето и развојот на оваа технологија, се вели во соопштението. Минатата година, LG забележала одлични резултати со своите LTE смарт телефони на значајните пазари како Соединетите Американски Држави, Јапонија, Германија и Јужна Кореја. Според стратешките анализи, се очекува драстично зголемување на испораката на LTE смарт телефони, која според проценките би можела да достигне бројка од дури 275 милиони единици во текот на оваа година.
Макфакс
Компанијата LG Electronics (LG) во четвртокот објави дека успеала да продаде повеќе од 10 мили

Пронајдете не на следниве мрежи: