LG го претстави најмалиот безжичен полнач на светот

LG Electronics (LG) во вторникот го претстави најмалиот безжичен полнач на светот во рамки на Светскиот Мобилен Конгрес (MWC – Mobile World Congress) во Барселона.Со само 6.9cm во пречник, WCP-300 е дизајниран со цел преносливоста да биде во прв план. И покрај малите димензии, површината за полнење е 1.7x поширока во споредба со претходната генерација LG безжични полначи.Новиот модел е компатибилен со стандардниот микро USB полнач со 5 пинови, и на тој начин пружа највисоко ниво на перформанси и удобност во својата категорија.WCP-300 користи технологија на електромагнетна индукција која поседува Qi сертификат издаден од страна на WPC-a (World Power Consortium). Електромагнетната индукција создава електромагнетно поле кое генерира струја и ги полни батериите кои се наоѓаат на подлогата за полнење. Сертификацијата овозможува компатибилност на уредот WCP-300 со сите смарт телефони кои го поддржуваат Qi стандардот.„Безжичното полнење е светиот грал на удобноста кога се во прашање смарт телефоните. Со помош на WCP-300, LG овозможува и преносливост и врвни перформанси на полнење во уредот помал од подметнувач,“ изјави Jong-seok Park, претседател и генерален директор на компанијата LG Electronics Mobile Communications.LG Spectrum 2 и Nexus 4 на светскиот пазар поседуваат вградена поддршка за безжично полнење, елиминирајќи ја потребата за купување посебни маски. LG верува дека вградената поддршка за претстојните смарт телефони ќе биде од критична важност за поставување на безжичното полнење како стандард и негов понатамошен развој.
МакфаксLG Electronics (LG) во вторникот го претстави најмалиот безжичен полнач на светот во рамки на Светскиот Мобилен Конгре

Пронајдете не на следниве мрежи: