Лице од структурите на СДСМ осомничено за фалсификување на личните карти

Захир Бекири – Чауш е провосомничениот за аферата лични карти, дознава Press24 од извори во истрагата. Како што веќе беше објавено, Бекири бил дел од структурите на СДСМ а обвинителството го сомничи дека стоел директно зад аферата со фалсификуваните лични карти.На неговиот профил на Facebook може лесно да се забележи дека тесно соработувал со СДСМ. Бекири е фан на Зоран Заев и социјалдемократскиот сојуз.

Може да се забележи и дека бил близок со техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, со оглед на тоа што самиот објавил фотографии од своето дете со министерот.
 
Меѓу неговите пријатели се појавуваат и новинари кои важат за блиски до опозицијата.
Според  неофицијалните информации, сопругата на првоосомничениот е вработена во Паркинзи општина Центар, каде директорува кадар на СДСМ.
Покрај Захи Бекири приведен е и неговиот брат Имер на кого му е одземен пасошот како мерка за обезбедување.
Третото приведено лице е Аднан Сума кој исто така е дел од структурите на СДСМ и може да се забележи во повеќе наврати фотографиран со Министерот за внатрешни работи на СДСМ Оливер Спасовски

Бекири е еден од приведените во полициската акција која завчера била спроведена на две локации во Скопје. Според информациите, обезбеден е обемен доказен материјал, како фалсификувани лични карти, фолии за пластифицирање , пластични обрасци и машини за изработка на лични документи.Неофицијално дознаваме дека како негов адвокат се јавил истакнат член на СДСМ, кој важи за неформален адвокат на опозициската партија. Истиот овој адвокат бранеше повеќе лица кои беа дел од СДСМ или важи за блиски до партијата кога имаа проблеми со законот.Бекири   е префрлен во затвор бидејќи се барал за одлежување на затворска казна за друго кривично дело. Според иформациите тој бил осуден  една година затвор поради кривично дело изнуда.На неговиот профил на Facebook може лесно да се забележи дека тесно соработувал со СДСМ. Бекири е фан на Зоран Заев и социјалд

Пронајдете не на следниве мрежи: