Потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски во емисијата на 24 Телевиизија јавно повикува да не се вработуваат младите во јавната администрација, а лично тој безмалку целиот работен век го поминал во едни или други државни функции.-Јас кога бев во средно во мојот клас, ретко некој имаше амбиција да работи во администрација. Имаше луѓе што се занесуваа дека ќе станат космонаути, дека приватен бизнис ќе тераат, дека ќе станат доктори на науки итн. Кој успеа, кој не успеа. Тоа беше наша амбиција на цела моја таму генерација и неколку генерации на луѓе што ги познавам. сега кога гледам дека младиве го гледаат решението за својата егзистенција во јавната администрација, тоа за мене е поразително, рече Манчевски.
Само на сајтот на СДСМ може да се видат неколку од мноштвото државни функции кои тој лично ги обавувал и за што бил плаќан со парите на граѓаните. Имено тој бил вработен. Тој е актуелен пратеник во Собранието на Република Македонија, во 2013 бил избран за Советник во Град Скопје.
Според наведената биографија на сајтот на СДСМ Дамјан Манчевски во периодот од 2000 до 2002 година бил Претседател на Одбор за Материјално и финансиска контрола на ЈП Дрисла Скопје, а од 2002 до 2004 година бил член на Одборот за материјално финансиска контрола на ЈП Водовод Скопје, во периодот од 2002 до 2003 година бил раководител на секторот за млади во Агенцијата за млади и спорт, а бил и претставник на Владата на РМ во Програмскиот комитет на Европската Младинска Фондација на Европа.
Да биде иронијата поголема поголемиот од овие функции Дамјан Манчевски ги обавувал во ССС, односно не бил дипломиран. Високото образование го завршил во 2005 година. Денес Дамјан Манчевски покажува лажно душегрижништво за младите и студентите, говори за професионалност на администрацијата, а тој како недипломиран студент но веројатно како партиски активист на СДСМ добивал позиции во Владата и администрацијата и високи хонорари за тоа.
-Јас кога бев во средно во мојот клас, ретко некој имаше амбиција да работи во администрација. Имаше луѓе што се занесуваа дека ќе станат космонаут



