Руската Федерација ги крши меѓународното право, анектирајќи ги териториите на соседните држави кон кои се обврзала дека ќе ги почитува, но од каде Американците имаат право морално да ги осудуваат поради тоа? Ако го прочитате текстот пред вас, ќе видите дека немаат ни трошка право за тоа.Америка помеѓу 1945 и 1949 година интервенираше во кинеската Граѓанска војна на страната на официјалната Република Кина (денешен Тајван) против комунистите, користејќи ги и поразените јапонски војници, но неуспешно. Мао Цедунг победи. Истовремено, САД политички и финансиски интервенираше во Италија со цел да го спречи доаѓањето на комунистите на власт преку легален пат. И во наредните неколку децении непрестано ќе дава стотици милиони долари за да го блокира тоа „сениште“ кое кружи низ Европа и светот.
Во истите години, тие застанаа на страната на фашистите во Грција кои војуваа против грчките комунисти кои за време на Втората светска војна храбро се бореа против Германците. Фашистите победија. Идентична работа направија и на Филипините помеѓу 1945 и 1953 година, кога се бореа против левичарскиот Хукс, дури и додека Хукс се бореше против Јапонците; кога ги поразија, тие инсталираа серија марионетски претседатели, а сето тоа кулминираше со диктатурата на Фердинанд Маркос. Во почетокот на педесеттите години Америка интервенираше во граѓанската војна во Кореја, со цел да спречи комунизмот да завладее со овој полуостров.
Помеѓу 1949 и 1953 година, тие се обидоа да ја турнат комунистичката влада во Албанија, но фашистите и монархистите кои беа обучувани не се прославија на теренот – сите беа фатени. Истата 1953 година, заедно со Британците го турнаа од власт иранскиот претседател на владата Мохамед Мосадек, поради неговата кобна грешка – сакаше да ги национализира британските нафтени компании кои работеа во неговата земја. Пучот на власта го врати шахот кој го започна својот 25-годишен период на репресија и диктатура. Нафтените компании се вратени во странска сопственост и тоа по следниот клуч: 40% од пазарот го држеа Британците, 40% Американците, а 20% останатите.
Кон средината на 50-тите години, двапати се обидоа да ја сменат сириската влада во Дамаск, па дури распоредија 14.000 војници во Либан, за да ја осигураат победата на про-западниот политичар Камил Шамун и покрај заканите на Никита Хрушчов дека во тој случај ќе употреби нуклеарно оружје.
Бразил. Претседателот Жоао Гуларт беше виновен за вообичаени дела: водеше независна надворешна политика, одржуваше дипломатски врски со социјалистичките земји, се спротивстави на санкциите кон Куба, донесе закони со кои го лимитираше износот на профит кој мултинационалните корпорации можат да го изнесат од земјата, национализираше некои од нив, ги промовираше економските и социјалните реформи…Роберт Кенеди посебно беше загрижен поради фактот дека им дозволувал на „комунистите“ да имаат функции во владините агенции.
Дури успеаја и во Куба: никогаш нема да знаеме колку ќе се развиеше овој остров ако го оставија на мира.
1995 година, НАТО и Америка ги бомбардираат српските станици во БиХ, за да ја примораат РС да прогласи мир. Во 1999 година доаѓа до бомбардирање на Југославија, како и по обичај, без дозвола на ООН, а под парола за заштита на човековите права.
Во 2001 година, по нападите на 11 септември, започнува војната во Авганистан која практично трае и до ден денес. Во 2003 година започнува војната во Ирак, односно „Операцијата слобода за Ирак“. Слободата беше платена со трупови на стотици илјади луѓе, со исламизација и радикализација на општеството и целосен хаос.
Од 2004 година, па до ден денес, траат нападите со дронови низ Пакистан, во кои страдаат цивилите, меѓу кои има многу жени и деца.
Во 2011 година доаѓа до интервенција во Либија, која се завршува со туркањето на Моамер Гадафи од власта и неговото брутално убиство. Истата година, американските Фоки го убиваат Осама Бин Ладен во Пакистан.
Најнови се случувањата во Украина, за кои граѓаните од источните области по пат на референдум и демократски излез се одлучија да се припојат кон Русија. Сведоци сме на тоа дека Американците на големо им помагаат на Украинците да ги убиваат и најобичните луѓе, кои единствено се виновни поради тоа што се жители на овие области.
До кога светот ќе премолчува?Америка помеѓу 1945 и 1949 година интервенираше во кинеската Граѓанска војна на страната на официјалната Република Кина (денешен Тајван) против ком