Бразилскиот нарко барон, Жарвис Хименес Павао, во моментов служи казна во затвор во Парагвај поради трговија со дрога. Тоа што е потполно неверојатно за служење на казна е што практично живее во луксузен трособен стан.Тој е во затвор во Парагвај од 2009 година поради продажба на дрога и поради перење пари. Додека другите криминалци имаат крајно нехумани услови за робија, спијат еден преку друг и уринираат по другите затвореници, Павао ужива во три соби, има купатило, кујна, библиотека, па дури и соба за состаноци со конференциска маса.
Бидејќи полицијата почна да се сомнева дека тој подготвува бегство, беше направена рација.
Во ќелијата се откриени голем број филмови, плазма телевизор, удобен мебел, а омилена разонода на нарко босот била гледање на филмови за неприкосновениот нарко барон Пабло Ескобар.
Инаку, овој криминалец би требало во парагвајскиот затвор да остане до 2017 година, но затоа што има и бразилско државјанство, најверојатно ќе биде предаден на тамошните власти.Тој е во затвор во Парагвај од 2009 година поради продажба на дрога и поради перење пари. Додека другите криминалци имаат крајно нехумани услови за