Личните карти не се користени во изборни цели

Заменик Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, при денешното отворање на инфо-центарот за превенција во Штип, беше запрашан за случајот со личните карти кој се експонираше од одредени медиуми изминатата недела:– Мојата преокупација и напори беа развивање на политики во МВР, соодветни стратегии за зајакнување на капацитетите на МВР. Ова е прашање кое не треба да биде во доменот на Министерот и заменик министерот, тие да се занимваат со тоа, тоа се теми на тактичко ниво. Ние во МВР имаме професионални структури кои ефикасно спроведуваат истраги. Начинот како беше отворен случајот, преку медиуми, пишувања, изјави од Министерот, сето тоа беше со намера да се прејудицира дека лични карти биле искористени за изборни цели. Сепак, се покажа дека тоа е само за дневно политички цели, да се стекне впечаток дека ете тоа се дел од изборни нерегуларности кои наназад се најавуваа. Колегите од организиран криминал по барање на јавното обвинителство работеа на овој случај, спроведоа проверки, истрага и на крај констатираа дека личните карти не се користени во изборни цели и дека податоците за тие лица кои се од личните карти не биле на избирачки список,тоа е потврдено и од ДИК и од увидот компјутерски, со што се негира целата таа теза. Практично тоа беше прејудизирање. Остануваат две прашања кои бараат одговор, зошто е напрвено тоа и кој го направил тоа. Јас сум сигурен дека професионалните структури во МВР ќе одговорат и на овие прашања, потребно е само трпение, изјави Чавков, пренесува ТВ Стар од Штип.– Мојата преокупација и напори беа развивање на политики во МВР, соодветни стратегии за зајакнување на капацитетите на МВР. Ова е прашање кое

Пронајдете не на следниве мрежи: