Ликовен настан во библиотеката „Јане Сандански“: Децата од Аеродром цртаа поезија

Во библиотеката „Јане Сандански“ во Општина Аеродром неодамна се одржа ликовен настан насловен како „Илустрација на литературни творби. Најмладите пријатели на библиотеката во светот на книгите за деца“.Целта на настанот, во чии рамки учествуваа дечиња на возраст од 4 до 8 години заедно со нивните родители, е да ја разбуди фантазијата кај најмладите читатели и да ги популаризира книгите меѓу младата популација.
Децата прво слушаа извадоци од проза и поезија, а потоа ги илустрираа литературните творби. Тие на еден забавен начин ги споија литературата и ликовната уметност.
Библиотеката „Јане Сандански“, која е дел од Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ се наоѓа во истоимената населба зад трговскиот центар „Капитол мол“ во Општина Аеродром и работи од 07.00 до 19.30 часот.
Библиотеката е реновирана неодамна и располага со богат фонд лектири за основно и средно училиште, како и белетристика за сите возрасти. Таму се одржуваат бројни активности, како средби со писатели, творечки работилници, читања, изложби…
Градската библиотека во Општина Аеродром има уште два клона: „Кирил Пејчиновиќ“ во Скопјанка и „Рајко Жинзифов“ во населбата Лисиче.Целта на настанот, во чии рамки учествуваа дечиња на возраст од 4 до 8 години заедно со нивните родители, е да ја разбуди фантазијата кај најмладит

Пронајдете не на следниве мрежи: