Ликовен перформанс „Здивот на летото“

На платото пред Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани се одржа ликовен перформанс со наслов „Здивот на летото“.Деветтемина членови на Школата за цртање и сликање при „Бели мугри“, Каролина Николова, Љупка Коцева, Ангела Ајтовска, Ангела Иванова, Јована Иванова, Павел Николов, Бранко Манчев, Ива Атанасова и Пандора Манева, инспирирани од летото твореа во техниката сув пастел.
Според м-р Александра Димитрова, раководителка на Школата за цртање и сликање, младите уметници создадоа интересни дела кои наскоро ќе бидат изложени пред кочанската јавност.
Ликовниот перформанс „Здивот на летото“ е настан од втората етапа на манифестацијата „Топол културен бран“.
В среда, на 31 август во концертната сала на Музичкото училиште „Ристо Јуруков“ ќе се одржи камерен концерт на Александра Коцева и Глигор Гелебешев.
 Деветтемина членови на Школата за цртање и сликање при „Бели мугри“, Каролина Николова, Љупка Коцева, Ангела Ајтовска, Ангела

Пронајдете не на следниве мрежи: