Ликвидиран последниот терорист одговорен за нападот во метрото во Москва

Руските власти соопштија во средата дека го ликвидирале и последниот терорист одговорен за бомбашките напади во метрото во главниот град Москва во кои во 2010 година беа убиени 40 луѓе.

Ноќта кон средата во кавкаската руска република Дагестан во која се префрла тежиштето на терористичките активности на радикалните исламисти бил откриен Хусеин Мохамедов кој во моментот на апсењето дал вооружен отпор при што во возвратниот оган од полицијата бил убиен.
„До денешниот ден Хусен Мохамедов беше последниот преостанатиот учесник, директно вмешан во организацијата и спроведувањето на терористичките напади во московското метро во март 2010 година”, се вели во соопштението на Националниот антитерористички комитет на руската Федерација, што го цитира РИА Новости во коешто се нагласува уште дека „Денеска праведната одмазда го стигна и последниот од нив”.
Терористичкиот напад во московското метро го извршија ткн „црни вдовици” (жени кои загубиле член на семејството во борбите меѓу исламистите и руските безбедносни сили). Најмалку 40 лица загинаа, a 100 беа повредени изутрината во двете одделни експлозии на станици за подземната железница во центарот на Москва. Првата експлозија се случила на станицата Лубјанка, која се наоѓа во непосредна близина на седиштето на Федералната служба за безбедност. Бомбата експлодираше во вториот вагон од возот кој во тие моменти стоел на станицата, при што загинале 25 лица. Втората експлозија се случила на станицата на Парк на културата во третиот вагон од возот во која загинаа уште 15 лица.
 
Макфакс
Руските власти соопштија во средата дека го ликвидирале и по

Пронајдете не на следниве мрежи: