Lindt&Sprungli ја загуби парницата за заштита на своето велигденско зајаче

Познатиот швајцарски производител на чоколада „Lindt&Sprungli“ ја загуби судската парница за заштита на своите чоколадни велигденски зајачиња во златеста фолија од имитацијата на германскиот производител на чоколада „Confiserie Riegelein“.Швајцарската компанија „Lindt&Sprungli“ се обидува да го попречи својот германски конкурент „Confiserie Riegelein“да произведува слични чоколадни зајачиња уште од 2000 година. Меѓутоа, германскиот сојузен суд ја отфрли во четвртокот последната жалба на швајцарската компанија.„Многу ми е драго што овој случај доби среќен крај за нас по некои 12 години“, изјави челникот на германскиот производител „Confiserie Riegelein“.Портпаролката на „Lindt&Sprungli“ изјави дека швајцарската компанија ќе ја почитува судската одлука, иако не се согласува со правното толкување на судот. „Ние ќе продолжиме да го браниме нашето златно зајаче и во иднина која и тоа да биде потребно“, дополни портпаролката.Интересно е што минатата година „Lindt&Sprungli“ го доби спорот против австриската компанија „Hauswirth“ кога судот во Виена одлучи дека австриската компанија повеќе не може да ги произведува велигденски зајачиња во златна фолија, бидејќи поради преголемата сличност купувачите ги мешале со зајачињата на швајцарскиот зајачиња.
МакфаксПознатиот швајцарски производител на чоколада „Lindt&Sprungli“ ја загуби судската парница за заштита н

Пронајдете не на следниве мрежи: