Line со 490 милиони корисници: Знаете за што служи оваа апликација?

Натпреварувањето помеѓу сервисите за испраќање и примање на кратки пораки продолжува во светски рамки, а сите се трудат да обезбедат што повеќе корисници.Иако WhatsApp и понатаму е водечки сервис за испраќање на кратки пораки, конкуренцијата во вид на WeChat, Viber и Line е релативно блиску, што укажува и неодамна соопштениот факт дека компанијата Line има 490 милиони активни корисници.
Line има најмногу корисници во матичната Јапонија, 52 милиони, потоа следи Индонезија со 30 милиони, а на трето место се наоѓа Тајланд со 27 милиони.
Експертите неодамна предвиделе дека следен важен пазар ќе биде Јужна Америка, со што голем број ИТ компании, вклучувајќи ја и Line ќе започнат со агресивна промоција на своите производи. Изгледа дека Line успеал да ја погоди златната жица, бидејќи во Шпанија и Мексико, 18, односно 15 милиони луѓе го користат овој сервис.
Повеќе на GSM.MKИако WhatsApp и понатаму е водечки сервис за испраќање на кратки пораки, конкуренцијата во вид на WeChat, Viber и Line е релативно блиску, што укаж

Пронајдете не на следниве мрежи: