Словенскиот може да се сфати како вистински јазик, но со него се служат толку малку луѓе што може да се смести и под статистичка грешка.Откако нивните колеги од други научни области објавија неверојатни откритија и лингвистите од институтот „Фрањо Араповиќ“ ги завршија дологорочните истражувања за јазиците на Јужните Словени, а нивните откритија го демантираат дури и Мирослав Крлеж, пишува News-bar.hr.
-Хрватскиот и српскиот не се два одвоени јазици, тоа се дијалекти од оргиналниот јазик кој го зборуваа Јужните Словени. Најблискиот на тој јужнословенски јазик се Македонците, па така можеме да кажеме дека македонски говорат Србија, Црна Гора, БиХ па и Хрватска, но во овие земји се користат различни дијалекти. Овие земји развиле некои нивни дијалекти, објаснуваат лингвистите во заклучокот од нивната научна работа.
При истражувањето научниците од институтот „Фрањо Араповиќ“ посебно го истражуваа развојот на зборовите со посебен акцент на оние кои не се исти со македонските и на некои нови дијалекти. На пример зборот „убаво“, Хрватите и Србите го презеле зборот „љјепо“.
-Нашето истражување нема никакви грешки. И јас мислев дека српскиот и хрватскиот се два одвоени јазици, но сум грешела. Овие истражувања и нивните заклучоци се непобитни. Србите и Хрватите говорот ист јазик – македонски, кратко искоментира лингвистката Санда Хам.
Угледните лингвисти го додале и амандманот во својата научна статија. Утврдиле дека бугарскиот јазик не е ист како македонскиот. Со помош на историчарите откриле дека при ширењето на старословенските племиња Македонците, во Бугарија веројатно отишол и еден Македонец со говорна мана па Бугарите го прифатиле македонскиот јазик со говорна мана, кој и денес се зборува во малку модифицирана верзија.
Колку се доверливи овие истражување, покажа и фактот дека многу светски Универзитети ден после објавувањето своите катедри за јужнословенски јазик ги променија во катедри за македонски јазик.
Извор: news-bar.hrОткако нивните колеги од други научни области објавија неверојатни откритија и лингвистите од институтот „Фрањо Араповиќ“ ги завршија д
Пронајдете не на следниве мрежи: