Лиса Терлак: Шест работи кои ги научив откако се преселив во Македонија

Лиса Терлак е холандски иселеник во Македонија. Таа живее во Скопје повеќе од две години, каде што работи како менаџер за поддршка за софтверска компанија. Лиса размислува и пишува за Македонија и за тоа како е да си иселеник. Во овој случај, нејзините забелешки ни даваат увид за соседната земја (Бугарија), земја, која многу од нас треба да ја посетат.Секако, кога ќе почнете да живеете во друга земја, ќе научите многу нови работи. Додека размислував како да ја напишам оваа статија, сакав да ги истакнам работите кои ме сменија кон подобро. Работите кои ме прават среќна. Ова веројатно звучи чудно за многу луѓе, вклучувајќи ги и македонците. Често ме прашуваат: „Зошто тука? Зошто Македонија? Ти си од Холандија, многу е подобро таму!“ Да, престанете да го гледате бруто приходот на холанѓаните, прашајте за нето приходот и прашајте колку пари им остануваат откако ќе ги платат сите сметки. Не е како што мислите дека е. Покрај тоа, секоја земја има прирачник, за тоа како работите функционираат. И некои прирачници се потешки, некои леснии, некои комплетно луди, но секогаш има некое кое ви одговара. И излезе дека Македонија мене ми одговара.
Престанете да брзате
Кога сте од земја, каде секогаш се брза и има крајни рокови, многу е тешко да се навикнеш на „опуштениот македонски стил“ на живеење. Дури и кога одам, изгледа како да бегам од многу македонци. Но бидејќи никој не се брза тука, полека се навикнувам…
Полека полека
Само една работа, ако некогаш видите дека некој македонец трча, почнете и вие да трчате, бидејќи дефинитивно нешто се случува.
Бидете трпеливи со институции
Во ред, мислев дека институциите во мојата земја се бавни, се додека не дојдов во Македонија. Навистина е бизарно како системот работи, или не. И бидејќи никој не брза тука, не мислете дека ќе направат исклучок за вас. Па така научив да бидам трпелива со институциите.

 
Месото нема толку лош вкус
Сум споменала порано, и повторно ќе кажам (извинете, но многу ќе ме разберат) храната е прекрасна тука! Во мојата земја не сакав да јадам пилешко или свинско, беше суво, без разлика како го готвите. Го печете или пржите, и е без вкус, без разлика на гарнирот. Тука… Сакам свинско. Особено кога е подготвувано со часови во рерна, и се распаѓа кога ќе го допрете со вилушката, а се топи во устата… Мора да пробате.
Јадете сезонска храна
Многу овошје и зеленчук можете да најдете во супермаркетите преку целата година. Секако, тие се малку поскапи, но барем можете секогаш да ги подготвите во Холандија. Тука во Македонија морав да ја променам навиката. Секое годишно време нуди различно овошје и зеленчук, што го прави пазарењето поинтересно.
Повторно поврзување со природата
Иако Холандија има многу убави места, ништо е во споредба со Македонија. Природата е насекаде околу вас и не мора да патувате далеку за да стигнете до убави езера, шуми и планини.
Планирањето е бескорисно
Сакам да планирам работи, да знам каде ќе одам првиот петок од наредниот месец. Ми дава удобност и структура. Но тука, може да заборавите на тоа! Ако прашам во среда: „Што планирате за викендов?“гледам дека се чудат. Дали планираат во март каде ќе одат на летен одмор? Не. Тие планираат во последен момент… На почетокот ме фрустрираше, а сега малку ме нервира. Можеби ќе ми помине за 5 години?
Веројатно најдобрата работа која ја научив е дека уживам во се, малку повеќе. Ценам повеќе што имам и знам колку се вредни пријателите и семејството за мене како личност.
 
 
Фотографијата е направена во КрушевоСекако, кога ќе почнете да живеете во друга земја, ќе научите многу нови работи. Додека размислував како да ја напишам оваа статија, сакав да ги ис

Пронајдете не на следниве мрежи: