Лиснати погачици со сирење

Вкусно и меко…Состојки:
500гр меко брашно
25гр свеж квасец
1 лажичка сол
250мл млеко
1 јајце
150гр маргарин
150гр сирење
Сусам
Подготовка
Квасецот разматете го  во половина шолја топло млеко, додадете  лажичка шеќер и брашно, поклопете и оставете да нарасне.
Измешајте го брашното, квасецот, додадете јајце, малку сол и со  топлото млеко замесете средно меко тесто.
Истегнете кора, премачкајте ја со  1/3 од филот  од изматен маргарин и сирење, преклопете  како лиснато тесто и оставете да одмара 20-30 минути на собна температура.
Постапката повторете ја уште два пати, а четвртиот пат развијте кора  со дебелина од 0,5 см и со калапче вадете погачици.
Премачкајте ги со изматено јајце, посипете со сусам и печете во претходно загреана рерна на 220 степени околу 20 минути. Останатите краеви од тестото само наредете ги еден врз друг ( за да остане тестото лиснато не треба да се меси), развијте тенка кора, премачкајте со јајце и посипете со сусам. Исечете на тенки ленти, свиткајте ги во спирала, наредете во тавче и печете. Наздравје.Состојки:
500гр меко брашно
25гр свеж квасец
1 лажичка сол
250мл млеко
1 јајце
150

Пронајдете не на следниве мрежи: