Се спрема многу брзо, а резултатот е совршен…
3 чаши брашно (чаша од 250мл)
1 јајце
1 лажица масло
1 лажица оцет
1 лажичка шеќер
1 лажичка сол
1 чаша вода
200 гр маргарин (за премачкување)
1. Ставете во сад брашно, сол, шеќер, масло, оцет и јајце и полека додавајќи вода замесете. Некогаш можеби ќе ви требаат уште една-две лажици плус вода, доколку јајцето е помало од вообичаеното…Значи, тестото треба да е многу меко.
Оставете го да се одмори дваесетина минути, па поделете го на 4 дела.
2. Секој дел рассукајте го што можете потенко и премачкајте го со омекнат маргарин (1/4 од 200 гр)
3. После тоа завиткајте ја кората околу „сукалото“ како ролат.
4. Со остар нож пресечете го ролатот и отворете го тестото.
5. Ќе добиете правоаголна форма, па преклопете, завиткајте во најлонска фолија и ставете во фрижидер, така направете со сите 4 дела. Нека стојат во фрижидерот неколку часа.
6. Секој дел одвиткајте, расукајте го и обликувајте по желба.
Можете кората да ја пресечете на 6 дела и да филувате со мелено месо, или фил по избор, па да завиткате во мали ролати.
Печете на 200С додека убаво не поруменат.