Каде и да патувате треба да ја искористите приликата да вкусите некој од традиционалните специјалитети на земјата. Еве ја листата на ресторани во Европа за кои повеќето кувари велат дека не смеете да ги пропуштите.
La Merenda – Nica
Се плаќа само во готовина, немаат телефон и не работат за викенд. Мал и шармантен ресторан во стариот дел на Ница, претставува единствен од стариот вид на ресторани. Менито е напишано со креда на табла, цената на главниот оброк е околу 13€.
Kizilkayalar – Istanbul
Сопствениците на овој ресторан решиле да се разликуваат од местата каде што се наоѓа брза храна. Нивниот специјалитет се нарекува islak burger, истотака познато е и пецивото натопено во домат, лук и маслиново масло.
Tapas 24 – Barcelona
Се наоѓа во подрумски простор , нуди предјадења кои се јадат со раце. Попознати се крокетите , тост сендвичите со црни тартуфи . Цена околу 2€
Chez Georges – Paris
Иако Парис е град со елитни ресторани со слични имиња. Chez Georges е секако вреден да се посети, Цената на главното јадење е околу 18€.
Bodega Donostiarra – San Sebastijan
Традиционален бар основан во 1928. Тоа е место каде што би можеле да најдете луѓе од соседството, како и многу познати личности за време на меѓународниот филмски фестивал. Цена за комплетна вечера по лице би изнесувала околу 36€
0100 Pizza – Rim
Љубителите на пица во Рим, несмеат да го пропуштат овој ресторан каде покрај вкусните пици, има и сендвичи во форма на триаголник и необичени вкусови.
Curry 36 – Berlin
Сместен е во близина на метро станицата Mehringdamm. Во овој ресторан обично се собираат до доцните часови таксисти, локални гости и туристи. За се што ќе нарачате ке ви понудат и по некој додаток.
Ostermalms Korvspecilist – Stokholm
Швеѓаните сигурно ќе се согласат дека најдобриот Хот-Дог на светот се наоѓа во Стокхолм, сите колбасици се зготвени и послужени во загреана порција со прилози. Дури и вегетерјанците би нашле нешто за себе.Каде и да патувате треба да ја искористите приликата да вкусите некој од традиционалните специјалитети на земјата.