Љубиша Георгиевски: Левицата имаше задача да го спречи осамостојувањето на Македонија

Претседателскиот кандидат, парламентарниот спикер и дипломат, Љубиша Георгиевски, во едно неодамнешно интервју за неделникот „Република“ вели дека во 1991 година се случило „перфидно предавство“. „Еден министер во парламентот рече: ’Македонија самостојна? Само преку мене мртов’ “Опозицијата речиси цела деценија не може да „се собере“, уште од 2006 година. Вие тоа го предвидовте уште во 2005 година, зборувавте за раскол во левицата. Ако се ставаат сите проблеми под тепих, ќе излезат крокодили, порачавте. Излегоа ли сите крокодили овие 10 години?
Георгиевски: Не сум сигурен, тие се множеле. Тие крокодили сè уште ќе излегуваат во Македонија. Имам апсолутно силен впечаток, без сомнение, дека кога бевме истерани од Собранието и од власта во 1991 година, како ВМРО-ДПМНЕ, тогаш се случи перфидно предавство. Ставете се на чело на Македонија за таа да не стане држава. Ако ги гледате сега наназад работите ќе видите дека ете ја на дело тогашната врхушка. Таа и сега е на дело, како опозиција. А имаше задача да не настане Македонија, или да се роди со некаква мана. Цела левица на Македонија плачеше кога дојде првото признание на Македонија, па второто, па тие тоа го доживуваа со огромна траума. Им се отвораше работа. Не знаеја што да им кажат на газдите. Но Македонија воскреснуваше. Еден министер во парламентот рече: „Македонија самостојна? Само преку мене мртов“. Во нашиот парламент; во тој во кој сега не се враќаат демократите. Велат: „Треба да ја внесеме демократијата во парламентот“. Но, не можеш да внесеш демократија во парламентот, тој е демократија.
Можно ли е и по 25 години да се повторуваат истите работи?
Георгиевски: Тоа се крокодилите. Ако не замесите еден леб како што треба, тој никогаш нема да биде леб. Сегашната власт мора да исправа „криви Дрини“, а тоа е страшно, многу тешко. Но може. Кога ќе се замати реката, таа тече матна, но ќе се избистри затоа што тече. Ние направивме власт и држава во која реката тече. И тоа им пречи на многу луѓе. Тие не се слатководни пастрмки, тие се жаби, сакаат жабјаци. А не да тече водата. Нашиот човек рекол: „ако водата мине преку седум камчиња, таа е за пиење“. Не знаел за лаборатории, ниту за анализи, но мине ли преку седум камчиња, таа вода е за пиење. И мислам дека водата ги минува последните камчиња и вашата генерација ќе види една бистра, избистрена Македонија. Затоа се тие возбудени. Ќе се дочисти, ќе се види што имало внатре.Опозицијата речиси цела деценија не може да „се собере“, уште од 2006 година. Вие тоа го предвидовте уште во 2005 година, збору

Пронајдете не на следниве мрежи: