ЉУБИТЕЛИТЕ НА ТЕНИСОТ ИЗНЕНАДЕНИ: Федерер соопшти лоши вести!

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер го оперираше коленото во почетокот на февруари, а закрепнувањето оди побавно од очекуваното. По поразот во полуфиналето на Аустралијан Опен од Новак Ѓоковиќ, Федерер беше на артроскопска операција на коленото.Иако се очекуваше дека паузата ќе трае месец дена и дека ќе ги пропушти само турнирите во Ротердам и Дубаи, Федерер сепак нема уште некое време да го гледаме на теренот.
Имено, Федерер нема да учествува на Мастерсите во Индијан Велс и Мајами. Најави дека на терен се враќа дури на 10 април, кога почнува Мастерсот во Монте Карло.
„Рехабилитацијата на коленото оди добро. Годината е долга, не сакам да претерувам и прерано да се вратам на терен. За жал, нема да учествувам на сјаен турнир како што е Индијан Велс. По консултацииите со мојот тим одлучив да се вратам во Монте Карло. Ви благодарам на сите за поддршката“ – порача Федерер.Иако се очекуваше дека паузата ќе трае месец дена и дека ќе ги пропушти само турнирите во Ротердам и Дубаи, Федерер сепак нема уште некое време да

Пронајдете не на следниве мрежи: