Со одличниот концерт на групата “Љубојна”, синоќа свечено беше отворено 11-тото издание на културното лето “Три круши 2016”. Овој етно состав кој на оригинален начин, користејќи ја енергијата на македонското музичко наследство, прави уникатен исчекор во македонската современа музика, на публиката во населбата Драчево и донесе незаборавно музичко-сценско доживување.Повеќе од час и половина, во Паркот на бранителите, посетителите на културното лето на општина Кисела Вода, играа и пееја заедно со врвните музичари кои уште еднаш докажаа зошто за нив велат дека се еден од најквалитетните македонски музички состави и зошто концертите им се секогаш однапред распродадени. Со сплотената креативна енергија на нивната brass fantasy постава, на само нивен карактеристичен и уникатен начин, беа изведени “Мори чупи Костурчанки”, “Твоите очи Лено”…Со спектакуларен огномет, беше означен крајот на првото случување од широкиот спектар на културни настани кој ќе и биде понуден на публиката во рамки на 11-тото издание на “Три круши 2016”.Во среда, на 06.07.2016 г., во 20:30 часот, на верско-рекреативниот локалитет Три круши, во селото Драчево , докололку дозволат временските услови, ќе биде изведена театарската претстава “Чолак” во продукција на Драмскиот театар од Скопје. На оваа локација, до крајот на јули ќе бидат изведени и сите останати случувања од богатата програма на културното лето “Три круши 2016”, кое беше отворено со благословот од отецот Гоце Димитриевски од црквата Св. Спас во Драчево, а е во организација на општина Кисела Вода.
Повеќе од час и половина, во Паркот на бранителите, посетителите на културното лето на општина Кисела Вода, играа и пееја заедно со врвните музичар
Пронајдете не на следниве мрежи: