Љубов на Булеварот, вино во Паркот – Книга во срцето: Продолжен викенд на книгите во Клуб Матица

За Денот на вљубените и виното, љубов на Булеварот и во Паркот на книгите. Клуб Матица и Матица Екслузив со заедничка акција по повод 14-ти февруари. Традиционално, овој ден Булеварот на книгите на Климент Охридски ќе биде отворен до полноќ, каде граѓаните ќе можат да купат голем број наслови од македонски и странски автори. И овојпат „Будни до полноќ“, со многу интересни изненадувања.Новитет е Паркот на книгата, лоциран зад Матица Екслузив во кој, овој ден ќе биде посветен на славје на вино и книга. Бидејќи љубовта е во книгата, а сите приказни започнуваат со голтка вино, од паркот на Книгите порачуваат: Книгата гради споменик во срцето на читателот.
„Книга во срцето. Тоа е главната идеја на овогодинешниот празник на виното и љубовта, 14-ти февруари. Годинава, и на Булеварот на книгите и во Паркот на Книгите, ја славиме книгата опиени од љубовта со многу автори и наслови, и секако, со безброј подароци и убави мисли. Би сакале да ги поканиме сите оние што го сакаат словото, виното, и уживаат во љубовта – на Булеварот на книгите да создаваме романтични приказни од зборовите што ги користиме, истакна Дејан Павлески,менаџер на Клуб Матица.“
Љубов, вино, книга и убава мисла.
Книгата е храна само кога е во рацете на читателот.
На 14-ти февруари, на Булеварот и Паркот на книгите.Новитет е Паркот на книгата, лоциран зад Матица Екслузив во кој, овој ден ќе биде посветен на славје на вино и книга. Бидејќи љубовта е во книгата,

Пронајдете не на следниве мрежи: