Љубовен неделен хороскопОвен
На почетокот на неделата немојте да го гушите партнерот, дајте му малку време. Кон средината на неделата, веројатно во среда, морате да ги контролирате вашите емоции. Во петок и во сабота немојте да бидете премногу посесивни.
Бик
На почетокот на неделата ќе почувствувате нешто длабоко и силно, дури нема ни да знаете што ви се случува. Во среда повторно ќе се вратите во реалноста. Во петок и во сабота ќе дадете се од себе. Но, немојте да заборавите едно: добар е тој што прави добри дела.
Близнаци
На почетокот на неделата очекувајте промени на љубовен план. Ако сте во врска со партнерот ќе имате нови желби кои ќе сакате да ги остварите. Среда и четврток целосно ќе му се посветите на љубовниот живот. Викендот поминете го мирно и избегнете го алкохол.
Рак
Ако на почетокот на неделата сте очекувале напредок во врската бидете подготвени за разочарување. Во петок и сабота ќе се чувствувате одлично. Ќе зрачите каде и да се појавите.
Лав
Во понеделник ќе мислите на некоја поранешна љубов и ќе пробате да најдете одговор на прашањата кои не се решени. Нема ништо од тоа. Свртете се кон иднината. Можеби во среда и четврток ќе запознаете една посебна личност.
Девица
На почетокот на неделата ќе имате многу обврски. Тоа може да предизвика и љубовни проблеми. Обидете се да разговарате со саканата личност и да и објасните дека вие не сте виновни. Во среда на работа ќе запознаете личност која ќе ве воодушеви.
Вага
Ќе најдете логични решенија за вашите проблеми. Но ќе бидете тврдоглави. Размислете уште еднаш дали сте во право. Во среда и четврток ќе бидете љубоморни и посесивни. Во петок и во сабота во вас ќе се разгори неочекувана страст.
Шкорпија
На почетокот може да бидете излажани за нешто. Во среда и во четврток ве очекува ново откритие. Можеби станува збор за нешто што многу ќе ве изненади. Уживајте во поминатото време со партнерот.
Стрелец
Направете план и подготовки за цела недела. Кажете го она што ве мачи. Вашата енергија ќе биде јака и позитивна. Во петок ве очекува интересна средба или повик на кои сте се надевале. Тоа може да биде средба со некоја поранешна љубов.
Јарец
За жал, во понеделник може нема да го добиете она што го сакате. Затоа бидете трпеливи и смирени. Во среда и четврток ќе бидете добро расположени. Ќе ви се случат убави и спонтани моменти.
Водолија
Пријателите на почетокот на неделата ќе ви бидат исклучително драгоцени. За оние кои не се во врска токму тие ќе бидат голема поддршка. Во среда и во четврток ќе бидете одлично расположени.
Риби
Вие сте одличен оратор особено кога љубовта е во прашање. Меѓутоа понеделник ќе ве збуни. Внимавајте на се што ќе се случува токму во понеделник. Од среда ќе може да имате се што ќе посакате.Овен
На почетокот на неделата немојте да го гушите партнерот, дајте му малку време. Кон средината на неделата, веројатно в