Љубовен неделен хороскоп 24.11.-30.11.2014

Љубовен неделен хороскоп 24.11.-30.11.2014Овен
Дали чувствувате тензија во вашиот љубовен живот на почетокот на неделата? Можеби вашите пријатели ви договараат состанок на слепо. Вие ја контролирате вашата судбина. Немојте тоа да го изгубите од ум. Ако сте во врска чувствувате многу голем притисок.
Бик
Планот и организираноста на почетокот на неделата може многу да ви помогнат околу романтичните цели.  Можеби не сте воодушевени од состанокот на слепо или со новиот познаник но не избрзувајте дадете му втора шанса. Ако веќе имате партнер колку и да се обидувате да бидете силни, решителноста веднаш се губи кога ќе го видите.  Вистинската љубов значи да правите компромиси.
Близнаци
Без оглед на тоа колку време сте сами, вас тоа ви одговара. Доколку на почетокот на неделата наидете на некој кој ќе сака да го промени вашиот љубовен статус, нема да наиде на добра реакција од ваша страна. Другите ќе го коментираат вашиот љубовен живот во текот на неделата, но дали имаат право на тоа? Не им давајте прилика за тоа.

 

Рак
Генерално ја цените својата приватност, особено кога станува збор за вашиот љубовен живот. Што помалку зборувате за вашиот љубовен живот на почетокот на неделата помали се шансите да бидете озборувани. Кон средината на неделата ќе бидете презафатени, а во текот на викеднот ве очекува интересна средба.
Лав
Доколку неодамна вложивте напор да ги средите работите, оваа недела очекувајте резултати. Доколку вашиот љубовен живот добие неочекуван пресврт, уживајте во возењето! Ако се уште размислувате за поранешната љубов  и мислите дека не сте ја заборавиле тоа е поради тоа што некој во вашата околина постојано се обидува да ги разбуди тие чувства во вас. Доколку сте во врска оваа недела ќе биде ВОЛШЕБНА.
 Девица
Дали чувствувате дека никој не ве цени онака како вие што сакате? Вашата самодоверба, манири се она што котира високо кај спротивниот пол. Па така ако некој тоа не го гледа, напуштете го. Размислете одредено време бидете во својата зона и опуштете се.

 

Вага
Само затоа што имавте чувства за некого во минатот не значи дека треба пак да бидете со него/неа. Кога немате ништо заедничко со таа личност најдобро е се да прекинете и да се свртите кон иднината. Но се ќе дојде во ред.  Фокусирајте се на она што е добро во вашиот живот.
Скорпија
На почетокот на неделата ќе се прашувате дали постои можност да го задржите својот љубовен живот или пак да направите промени. Но мора да бидете исклучително сигурни во она што го сакате. Ова е време кога треба да се каже вистината и само вистината!
Стрелец
Ќе ви биде интересно да флертувате во текот на целата недела. Но внимавајте само пред кого ги покажувате вашите чувства. Доколку сте во врска на почетокот на неделата е идално време за разговор со партнерот. Пред крајот на неделата немојте да правите ништо за што подоцна ќе зажалите.

 

Јарец
Признајте! Напорно работевте за да го средите вашиот љубовен живот и сега веќе го губите трпението. Сакате се веднаш но за жал мора малку да почекате. Доколку сте во врска на почетокот на неделата ќе ви требаат многу напори за да ги донесете работите во ред.
Водолија
Можеби не сте баш најдобри во изразување на своите чувства, па така можно е некој да не ги сфаќа како треба вашите напори, на самиот почеток на неделата. Доколку таа личност навистина ви се допаѓа дадете се од себе да го дознае тоа. Оваа недела ќе помине во средување на емоциите. Ако ви е потребна помош побарајте ја.
Риби
Вашите пријатели во текот на оваа недела ќе се обидат да ве спојат со некој, за кого вие мислат дека е совршен за вас. Но немој да се вознемирувате, добро ве познаваат. Постојат работи кои може да се променат, но секој тоа не го може. Овен
Дали чувствувате тензија во вашиот љубовен живот на почетокот на неделата? Можеби вашите пријатели ви договараат сост

Пронајдете не на следниве мрежи: