Љубовен неделен хороскоп за 22.09-28.09.2014

Што ве очекува оваа недела на љубовен план?Овен На почетокот на неделата може да дојдете до искушение да се форсирате и да давате се од себе за да организирате вие прв состанок. Но оставете работите полека да се случуваат. Повлекување брзи и непромислени потези не е добро за љубовниот живот.
БикНе сте баш расположени да вложувате многу труд во вашиот љубовен живот на почетокот на недела, но знајте дека колку вложувате толку ќе ви се врати. Доколку не пробате никогаш нема да знаете како некои работи ќе се развиваат. Нема ништо лошо вие да се потрудите малку за некоја личност за време на викеднот.
БлизнациПочетокот на неделата е одличен да реализирате нешто за кое што одамна размислувате. Кој е бенефитотот од тоа да се биде тајно заљубен? Покажете што чусвтвувате и преземете нешто за тоа. Напредокот е можен ако вие го направите првиот чекор.

 
РакЌе сакате оваа недела да ја започнете во мирна домашна атмосфера. Малку забавете и размислете што појде во погрешна насока. Доколку на крајот на неделата партнерот започне да ви посветува големо внимание размислете зошто е така. Време е вашите добри дела да бидат признаени.
ЛавОваа недела нема да бидете расположени за дружење па едноставно ќе сакате да се дистанцирате на страна и да се тргнете од се. На крајот на неделата ќе имате голема потреба времето да го поминете само со вашиот партнер. Па организирајте нешто интересно.
ДевицаНема ништо лошо да сакате вашиот партнер задолжително да поседува некои особини но малку претерувате. Совршенството ретко се достигнува затоа спуштете ги стандардите и дозволете да уживате во новите познанства.

 
ВагаВи се чини дека сите околу вас ја пронајдоа љубовта а вие не? Бидете трпеливи на почетокот на неделата има голема шанса да запознаете некој посебен. Ќе имате интересен состанок со некој што ви се допаѓа. А во текот на викендот ќе се обидете да ја импресионирате истата личност.
СкорпијаНа почетокот на неделата ќе сакате да глумите недостижни. Можеби нема да ви се допадне но и ќе наидете на исто мистична личност како вас. Па ќе игра игри со вас а тоа нема да ви се допадне. Не сте навикнати да ве сметаат за разгалени но на крајот на неделата ќе биде така.
СтрелецНа почетокот на неделата ќе сретнете некој кој одамна ви се допаѓал но нема да почусвтвувате страст. Времето менува се. При крајот на неделата ќе почувствувате силни чувства за некој нов. Можеби нема да има шанси за врска но вие ќе се заљубите.

 
ЈарецОваа недела на почетокот за своите љубовни проблеми ќе ги кривите другите но убаво размислете за вашите постапки. Не е касно да се поправите и да ја свртите ситуацијата во ваша корист. Но секако мора да попуштите прво. Нема ништо лошо во привлекување внимание кон себе но размислете малку да не претерувате.
ВодолијаДали верувате во љубов на прв поглед? Но на почетокот на неделата ќе запознаете некој нов и ќе бидете преплавени со чусвтва. Вашето расположение брзо ќе се менува како што се ближи крајот на неделата, што може да го промени љубовниот интерес. Обидете се да не зборите едно а правите друго. На крајот на неделата вашите дела ќе кажуваат повеќе од вашите зборови.
РибиИмате замислена личност во вашата фантазија а оние кои ги запознавате се далеку од замисленото. Но може да запознаете интересна личност додека трчате во парк или во теретана. Затоа дозволете им на другите луѓе да влезат во вашиот живот и да ви покажат дека вредат.Овен На почетокот на неделата може да дојдете до искушение да се форсирате и да давате се од себе за да организирате вие прв

Пронајдете не на следниве мрежи: