Љубовни фобии: Фобии за кои не сте знаеле дека постојат!

Љубовта  дефинитивно знае често да предизвикува анксиозност. Но, понекогаш и сосема вообичаена „љубовна“ ситуација кај некои личности може да биде причина за огромен и неочекуван страв. Започнувајќи од стравот да се биде сам, па сè до ужаснувањето од чоколади
Прочитајте кои се најчудните фобии поврзани со љубовта.
Страв од обврски
 И покрај тоа што фобијата од обврски е измислена, сепак се верува дека личностите кои се плашат да бидат во врска имаат аморафобија – страв од љубов.
Страв од поезија
Личностите со метрофобија имаат страв од поезија. Па, ако вашиот партнер ја има оваа фобија не очекувајте романтични и страстни стихови како изненадување за Денот за вљубените.
Страв од чоколадо
Кутија во форма на срце која е полна со чоколади може да биде повеќе застрашувачка отколку романтична за оние кои имаа ксоколатофобија- страв од чоколадо.
Страв од бакнување
Секој кој бил „жртва“ на лош бакнувач може одлично да ги разбере оние кои имаат филематофобија – страв од бакнување.

 

Страв од цвеќиња
Што може да биде страшно во еден букет со цвеќиња? Оние кои имаат антрофобија или страв од цвеќиња, само една ружа може да им предизвика силни чувства на анксиозност – дури и ако нема трнови.
Страв од форми на срце
Испраќањето црвена честитка во форма на срце на некој кој има кардиофобија т.е. страв од срце, дефинитивно може да биде многу злобен избор за Денот на вљубените.
Страв од осаменост
Личностите кои имаат ануптафобија се чувствуваат анксиозно дури и при самата помисла дека би можеле да останат сами до крајот на нивниот живот.
Страв од допир
Личностите со хафефобија или афенфосмофобија мора се многу осамени, бидејќи поради нивните фобии тие не дозволуваат на никој да ја допре нивната кожа.
Страв од свеќи
Главоболките кои се предизвикани од премногу силни, хемиски миризби и изгорениците од топол восок може многу добро да објаснат зашто некој страда од кериофобија – страв од свеќи.
Страв од црвенеење
Еве една фобија која често се сретнува кај срамежливите луѓе. Еритрофобија или страв од црвенеење предизвикува огромна засраменост и повлекување во себе и поради тоа тие кои ја имаат ги избегнуваат своите симпатии. Но, понекогаш и сосема вообичаена „љубовна“ ситуација кај некои личности може да биде причина за огромен и неочекуван страв. Запо

Пронајдете не на следниве мрежи: