Во петок, 22 мај во 14 часот, ќе се изведе првиот македонски мјузикл за деца со наслов „Љубовта победува сè“ на сцената на Театар Комедија.Зад оваа идеја стои скопската градинка Раде Јовчевски Корчагин на чело со директорката Злата Николиќ. Целата реализација е благодарение на посветеноста на сите вработени во градинката, а се со цел создавање на здрави и културни генерации. Мјузиклот е според идејата на Злата Николиќ и според сценарио и режија на Афродита Кирјаковска. Автор на музиката е Борислав Јоргушески, а за костимографијата и кореографијата се погрижија Ратка Џамбазова Коцев и Ема Достинова. Зад продукцијата се потпишува ДО РЕ МИ, гитара Виктор Захариев и координатор Лидија Поповска.
Главни јунаци се секако децата од градинката кои ги играат улогите за овошјето и зеленчукот. Останати носители на дејството се Кралот Кромид-Кире Ристески, Кралицата Јаболко- Анастасија Низамова, Учител-Светлана Лукарова, Раскажувач-Илина Матеска, Сестра-Божана Гошева, Брат- Симеон Гошев и Хор-Воспитувачите од градинката. Овошјето на чело со својата кралица-Јаболкото и зеленчукот со својот крал-Кромидот, се натпреваруваат „Кој е поважен за децата и нивното здравје“. Додека тие војуваат, братот јаде нездрава храна од која се разболува. Сестрата ги моли овошјето и зеленчукот да му помогнат во исхраната на братот за тој да оздрави. Така и се случува благодарение на љубовта, овошјето и зеленчукот се здружуваат, му помагаат на братот да се храни правилно и да оздрави. На крајот ЉУБОВТА ПОБЕДУВА СЀ!
Ваквата иницијатива и посветеност за правилниот развој на децата, не убедува дека од првата инстанца на воспитна институција излегуваат правилно оформени здрави луѓе.Зад оваа идеја стои скопската градинка Раде Јовчевски Корчагин на чело со директорката Злата Николиќ. Целата реализација е благодарение на посветен