Лондон сака специјални односи со ЕУ по Брегзит

Со традиционалиот говор на кралицата Елизабета Втора пред членовите на двата дома на британскиот Парламент, денеска беше отворена новата парламентарна сесија.Обраќањето на монархот, пред лордовите и народните избраници, потекнува од 16-от век и тоа значи започнување на новата парламентарна сесија, но во денешна современа Велика Британија, говорот на кралицата е излагање кое го составува Владата, а таа само го чита, промовирајќи ја владината програма за следните 12 месеци.
Годинешниот говор на кралицата речиси целиот беше посветен на Брегзитот и на мерките што Владата на премиерката Тереза Меј ќе ги преземе во спроведувањето на постапката за извлекување на Велика Британија од ЕУ.
Кралицата соопшти дека Владата има намера по Брегзитот, земјата да воспостави специјални врски со Унијата, да развива односи со светот без ограничувањата што ги носи членството во ЕУ и да ги унапредува бизнисот, трговските врски и инвестирањето.
Владата ќе ги подготви и ќе му ги понуди на Парламентот на усвојување законите со кои ќе се регулира излегувањето од ЕУ, а пред се, законот за прекин на важноста на европското законодавство и повлекувањето на Велика Британија од Европскиот суд на правдата.
Годинешниов говор беше поинаков од сите претходни по 1974 година – од надворешниот декор, што првпат е изменет, преку политичките услови во кои се промовира старо-новата Влада на Меј, па до сознанието дека идната година нема да има говор на кралицата, токму поради преговорите за Брегзит, со што следниот говор треба да биде во 2019 година.
Кралицата пристигна во Парламентот со автомобил, а не со кралската кочија како што е вообичаено, заедно со престолонаследникот и нејзин син, принцот Чарлс, наместо со сопругот, војводата од Единбург, принцот Филип, кој од синоќа е во болница.
Немаше кралска процесија до Домот на лордовите каде кралицата го одржа говорот, а таа не беше ниту во свечените кралски одори и со круна на главата , туку во „цивилна“ облека, како што вообичаено се појавува во јавноста.
Годинешниот говор на кралицата се одржува во ситуација на неизвесна судбина на премиерката и нејзината влада, кои зависат од гласовите на десетмината пратеници од северноирската Демократска унионистичка партија (ДУП), за што иако требаше да има договор уште пред десетина денови, се уште не е извесно, кога тој ќе биде постигнат.
Сепак, според најавите, пратениците на ДУП најверојатно ќе гласаат за владината програма, иако се уште нема договор за подршка на малцинската влада на Меј.
Дебатата во Долниот дом по говорот на кралица се одржува попладнево, а гласањето е предвидено за идната недела.Обраќањето на монархот, пред лордовите и народните избраници, потекнува од 16-от век и тоа значи започнување на новата парламентарна сесија, но во

Пронајдете не на следниве мрежи: