Ловџиите едногласни: Тука сме и ќе останеме да ја штитиме заедничка Македонија

Од денеска со поддршка за граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ се приклучија и ловџиите, кои излегоа на улиците.Тие велат дека нема да молчат и мирно да гледаат како со некои сценарија се разнебитува Македонија.
-Ние ловците во Република Македонија, сме големо семејство и големи чувари на природата, кои не се обоени со ниту една политика или политиканство, но знаеме да процениме кога е загрозена Македонија, ние ловците нема да молчиме и мирно да гледаме како со некои сценарија ни ја разнебитуваат Македонија, нема да го дозволиме тоа. Од ова место ги повикувам сите ловци без разлика на нивната етничка, верска, политичка определба, да застанаме заедно во одбрана на заедника, сите заедно да продолжиме да се дружиме во нејзините природни убавини, велат ловџиите.
Тие повикуваат сите политички елити да го направат истото, а не да го делат и раскаруваат народот
Сакаме да ги видиме сите политички елити во Македонија да го прават истото, а не да го делат и раскаруваат народот. Не да прифаќаат туѓи агенди, разно разни платформи кои нема да и донесат добро на Македонија. Немаме да одиме по паметот на некои квази политичари кои имаат цел да ја разнебитат Македонија, порачуваат ловџиите.
Ловџиите повикаа на трпеливост во овие клучни моменти за Македонија.
Повикуваме на разум и трпеливост во овие клучни моменти кои можат да ја однесат Македонија во несакани правци од кои нема назад. Порачуваме, тука сме и ќе останеме да ја штитиме  заедничка Македонија, со сите обележја на унитарна, суверена и самостојна држава. Секоја идеја за нејзино редифинирање нема да им помине, велат тие.Тие велат дека нема да молчат и мирно да гледаат како со некои сценарија се разнебитува Македонија.
-Ние ловците во Република Македонија, с

Пронајдете не на следниве мрежи: