Од 17-ти до 19-ти ноември, Нептун Македонија по четврти пат ќе ја организира „Lucky days” акцијата. Се работи за веќе популарните денови на среќни купувачи, кои традиционално се проследени со одлични понуди и изненадувања за купувачите. Оваа акција воедно ја најавува и предновогодишната шопинг сезона.Преку овој концепт на продажба, Нептун како најголем малопродажен ланец за бела техника и електроника во Македонија, на своите купувачи им дава неповторлива можност да набават продукти од целокупниот продажен асортиман по промотивни цени. Од машини за перење алишта и фрижидери, преку најновите модели на телевизори, компјутери и таблети, па сè до мобилни телефони и мали апарати за домаќинство, секој купувач ќе може да најде нешто соодветно и поволно за себе или за подарок.
“Нашите напори се насочени кон континуирано изнаоѓање и пласирање на интересни понуди за клиентите, без разлика дали се работи за најнови технолошки новитети, интересни продажни акции или сродни уникатни услуги како картичката за лојалност haPPy.” – изјави Лазо Узунчев– Комерцијален директор на Нептун.
Малопродажната мрежа Нептун веќе 16 години е присутна на Македонскиот пазар, во моментов е застапена со 19 продажни места во 16 градови во Македонија, а вкупниот број на вработени брои над 250.Преку овој концепт на продажба, Нептун како најголем малопродажен ланец за бела техника и електроника во Македонија, на своите купувачи и