Луѓето кои ги сонуваме носат ВАЖНА ПОРАКА. Откријте што значи тоа!

Loading...

За да ја откриете пораката на луѓето кои се присутни во соништата, прво треба да се запрашате што значи конкретната личност за вас. Најверојатно во сонот ги симболизира емоциите кои се будат кога мислите за таа личност.Во општа смисла, луѓето во соништата можат да бидат распределени во неколку групи во зависност од тоа дали ви се пријатели или семејство, но и спрема односот со нив може да се толкува сонот.
Пријатели
Пријателите се симбол на поддршката и забавата. Кога сонувате пријател, обратете внимание и на односите со овој човек во реалноста. Можеби сонот ви сугерира како да ги решите проблемите со најблискиот човек, ако имате такви. Сонот може и да ве поттикне да бидете подобар пријател, поддржувајќи ги повеќе најблиските.
Семејство
Семејството е симбол на силната емоционална блискост која ја создаваме со другите луѓе. Таткото најчесто симболизира авторитет, заштита и како глава на семејството – водич.
Мајката е одраз на грижата, удобноста во домот и креативноста. Братот во сон на жена, ја покажува нејзината потреба од маж во животот, а во сонот на маж е симбол на нешто непријатно.
Сестрата на жените е нивната потреба да споделуваат, а за мажите – потреба од жена во нивниот живот. Бабата и дедото симболизираат мудрост, безусловна љубов и традиција.
Поранешна сакана личност
Кога поранешната сакана личност се појавува во сонот, значи дека сѐ уште не сте ја заборавиле. Овој сон ви покажува како да кажете збогум на старата љубов или пријател и да продолжите напред. Потребно е да се обрне внимание на разговорот што го водите со својот поранешен пријател или партнер.
Колеги
Работното место, исто така може да асоцира како семејството. По сличен сон повторно треба да се запрашате какви емоции буди конкретно лице кај вас. Ако често го  сонувате шефот е знак дека имате авторитетна фигура во животот, која бара нешто. Може исто така да е знак за унапредување на професионалните вештини за да не ја изгубите работата.
Непознати
Неслучајно се сонува за непознати, а обично тие потсетуваат на некој близок. Откако ќе се разбудите, размислете на кого ве тера да мислите непознатиот човек во сонот. Во општа смисла, луѓето во соништата можат да бидат распределени во неколку групи во зависност од тоа дали ви се пријатели или семејство, но и спре

loading...